Поранешниот дефанзивец на Интер, Иван Кордоба тврди дека Солскјер направил грешка што дозволил Јунајтед да го продаде Лукаку во Интер.

„Лукаку е неверојатен играч. Манчестер Јунајтед не го увиде потенцијалот во него минатата сезона, штета за нив. Јас мислам дека Лукаку е роден шампион. Тој го докажа тоа во Премиер лигата, штета за Јунајтед што го продаде, но среќен сум што Интер е тимот кој го купи. Антони Конте е клучен за неговата форма.“ – изјави Кордоба.

Тој посочи дека ангажманот на Ериксен и на Јанг е правилен избор на Интер и дека во овој преоден рок, Конте уште еднаш ќе потврди дека неговиот план е точен и носи резултати.