Ако во јануари оваа година, Иван Ракитиќ беше достапен за 40 милиони евра а до пред еден месец за 25 милиони евра, сега репрезентативецот на Хрватска е на продажба за само 10 милиони евра.

Ова е сумата која ја бара Барселона од клубовите кои се заинтересирани за него. Неофицијално Севилја сака да го врати Ракитиќ во своите редови, но во игра се и повеќе тимови од Премиер лигата, како и ПСЖ.

Според „Мундо Депортиво“, Ракитиќ ова лето ќе ја напушти Барселона а засега неговата желба е поврзана со останување во Ла Лига.