За пресметката со Летонија, извесно е дека Тричковски ќе добие шанса од првата минута во составот на Ангеловски.

Напаѓачот очекува добра игра но и триумф за потврда во разликата во квалитет меѓу двете селекции.

„Јас пред се многу очекувам од самиот себе но тимот е пред сите. Ќе се ставам во сервис на тимот и со максимална игра ќе се обидам да придонесам за да дојдеме до победа.“ – изјави Иван Тричковски.

„Го знаеме квалитетот на Летонија. Најважно е како ние ќе реагираме утре и каква ќе биде нашата игра. Мора да бидеме фокусирани на тоа како ќе играме. Да се концентрираме на тоа како да дојдеме до победата.“ – додаде Тричковски.