Чави Симонс е несреќен во ПСЖ и сака да се врати во Барселона, пренесува шпанскиот новинар Адријан Санчез.

Младиот Холанѓанец беше во Ла Масија осум години, но не се договори со каталонскиот клуб да остане. Барселона му понуди годишна плата од 100.000 евра, а Парижаните се расфрлија десет пати повеќе и го претворија 16-годишникот во милионер пред две години.

За кариерата на Симонс се грижи контроверзниот менаџер Мино Раиола, чии најпознати клиенти се Пол Погба и Златан Ибрахимовиќ. Шпанците тврдат дека Симонс неодамна го контактирал Раиоли и побарал да се врати во Барселона.

“Симонс му рече на Рајола да се распраша за можноста да се врати во Барселона. Добија негативен одговор”, изјави новинарот Санчез, па очигледно е дека Барселона не му прости на Симонс што го избра ПСЖ во 2019 година за пари. Досега, Симонс имаше само два настапи  за ПСЖ, минатата сезона, кога одигра вкупно 13 минути.