На крајот на оваа недела Барселона би требало да го добие новиот претседател, а еден од кандидатите е и Хоан Лапорта.

Во случај да победи, Лапорта веќе даде силно ветување, а тоа гласи дека на Камп Ноу ќе го донесе Серхио Агуеро.

По заминувањето на Луис Суарез и можното на Лионел Меси, на Барселона ќе и треба врвен стрелец, а Лапорта сите карти ги фрлил на Агуеро.

Инаку, Агуеро има договор со Манчестер Сити до крајот на оваа сезона, тоа го прави неговото доаѓање многу реално. Има најави дека и менаџерот на Арсенал, Микел Артета ќе добие понуда во случај Лапорта да победи