Душан Влаховиќ не стигна да остави некоја подлабока трага во Партизан, затоа што уште на 17 години ја напушти Хумска. Сега е еден од најдобрите голгетери во Серија, а оваа сезона постигна 21 гол во дресот на Фиорентина.

И покрај тоа што најголемите клубови во Евра сакаат да го ангажираат, Влаховиќ има една желба која не ја крие.

„Веќе сум говорел дека би сакал кариерата да ја завршам во Партизан и се надевам тоа и ќе се случи. Од мали нозе сум навивач на Партизан и се радувам на секој партизанов успех. Сега претстои финалето на купот проти Звезда, дерби и јас им ја посакувам среќа и се надевам дека тие ќе дадат се од себе да победат, како би не израдувале нас навивачите на Партизан“– вели Влаховиќ.