Израелската фудбалска селекција натпреварот против Македонија по втор пат во својата историја ќе игра во Беер Шева, на новоизградениот стадион „Јаков Тарнер Тото“. Против Албанија на 14 октомври минатата година, Израел го имаше своето деби на овој стадион, меч кој го доби со 2-0.

Новиот објект е отворен во 2015 година, а капацитетот му е 16.126 места. Хапоел Бер Шева ги игра своите домашни натпревари на овој стадион и скоро секогаш е исполнет до последното место. Многу веројатно така ќе биде и вечерва против Македонија.

Натпреварот почнува во 21:45 по локално, а 20:45 часот по средноевропско време.