Селекторот на фудбалската репрезентација на Израел, Енди Херцог, смета дека шансите за победа на неговата селекција  и Македонија се подеднакви.

Херцог на прес конференцијата пред мечот со Македонија, изјави дека во проценти шансите на двете селеции се исти, 50-50, со помош на публиката можеме до победа, изјави предводникот на Израел.

„ За нас публиката е многу важна ако сакаме да победиме, потребна ни е целосна поддршка, шансите на двата тима се 50-50, во моментов сме втори на табелата, сакаме така да остане  и по средбата со Македонија. Можеме да победиме ако играме како на мечот со Полска, но така треба да играме сите 90 минути, а не само 60, уверен сум дека можеме да победиме“ – изјави  Херцог.

Израел и Македонија се среќаваат во Беер Шева на 5 септември, натпреварот започнува од 20-45 часот со пренос на Спортклуб.