Лука Јовиќ е неверојатно искрен за веб страницата „theplayerstribune.com“ пишува за своите почетоци, за кариерата, успесите  и падовите.

Израснав во селото Батар, не очекувам дека сте слушнале за него, мало место со само 105 куќи, но јас сум горд  на тоа од каде потекнувам, пишува Јовиќ.

Мислам дека се родив да давам голови, секој се раѓа со некоја цел, јас мислам дека се родив да бидам голгетер, продолжува Јовиќ .

Започнав во ФК Омладинац, се сеќавам дека се околу мене беше сино, мислев дека сите терени на светот се сини, но кога се запознав со скаутите на Црвена Звезда сфатив дека во фудбалот постојат  и други бои.

Јовиќ не може да го заборави дебитантскиот настап за Црвена Звезда на 16 години, против Војводина, ноќта пред натпреварот бил сам во хотелот во Нови Сад, бил гладен и излегол да купи храна. Кога се вратил , го пречекале тренерите , биле шокирани, го прашале:

„Знаеш ли колку часот, веќе требаше да си во кревет ? “

Навистина не знаев вели Јовиќ, имав само 16 години, тренерот ми беше лут, но другиот ден имав самодоверба како никогаш претходно, дисциплина пред се, вели новиот играч на „кралевите“.

Јовиќ сега е играч на Реал Мадрид, вели сите работи му се случувале брзо, сонувал да игра за Црвена Звезда, стигна до Реал Мадрид, за него , најважно од се е самодовербата, инстиктот за гол, не знае до каде ќе стигне но вели :

НИКОГАШ НЕМА ДА ПРЕСТАНАМ ДА СОНУВАМ !