Германската фудбалска лига позната како Бундеслигата го одреди распоредот за новата сезона 2019/20.

Честа да го отворат новиот шампионат ќе имаат актуелниот шампион Баерн Минхен, кои на 16 август, петок, на „Алијанц арена“ ќе ја пречека екипата на Херта, а тој дуел ќе започне од 20:30 часот.

Останатите средби ќе бидат поделени во наредните два дена сабота и недела каде вицешампионот Борусија Дортмунд ќе го пречека Аугзбург, а во првото коло дербито ќе се одигра помеѓу Баер Леверкузен и Шалке 04.

Првото дерби меѓу двата фаворити за освојување на титулата Баерн Минхен и Борусија Дортмунд ќе се игра во рамки од 11-тото коло во Минхен, додека реваншот на „Сигнал Идуна парк“ е предвиден за 28-то коло.