Младиот фудбалер на Манчестер јунајтед, Макс Тејлор веројатно против Астана за прв пат ќе дебитира за првиот тим, откако се најде меѓу 18 повикани фудбалери за овој дуел.

Дефанзивецот пред една година боледуваше од рак на тестисите и мораше да мине низ интензивна хемотерапија. Тејлор се врати на тренинзите во клубот во септември, а сега го доби и првиот повик во тимот.

Менаџерот Оле Гунар Солскјер ќе им даде шанса на многу млади фудбалери за мечот во Казасхтан, бидејќи „црвените ѓаволи“ веќе го имаат обезбедно пласманот во нокаут-рундата.