Напаѓачот на турскиот прволигаш Анталијаспор, Адис Јаховиќ, денеска експресно му одговори на македонскиот селектор Игор Ангеловски, демантирајќи ги неговите наводи дека своеволно се повлекол од репрезентацијата.

Реакцијата на Јаховиќ длеси откако Ангелвски во вчерашната емисија на ТВ Алфа, „Заспиј ако можеш“ обелодени дека Јаховиќ сомоиницијативна ја напуштил репрезентацијата пред мечот протв Лихтеншајн во Струмица .

Не знам дали да се смеам или да плачам. Затоа што некој нема „му..“ да ја каже вистината зошто се плаши дека ќе ја загуби работата или образот лицето како сакате. Зошто не кажеш селекторе, зошто не ме повика по промашениот пенал со Израел, па потоа по една година повторно ме повика? Зошто после повик не ме стави во игра, ако сум ти рекол дека нејкам да играм за репрезентација? Ааа заборавив дека ти имаш свои играчи или така ти било наредено во тоа време. Зошто не ми даде премија од 750 евра за мечевите со Италија и Лихтенштајн каде отидоа тие пари во чиј џеб? Зошто никогаш не ми се јави додека бев дел од репрезентацијата, а кај некои играчи одеше на гости, им се јавуваше секој ден? Затоа немој да изјавуваш нешто само за да ја оправдаш твојата одлука. Погледни ја мојата статистика во последните четири пет години и се ќе ти биде јасно…

Адис се откажал од репрезентација? Па и Горан Пандев се откажа од репрезентација,а ти веднаш замина да го молиш да се врати, зошто? Нормално дека ќе одиш тој е наш најдобар фудбалер, на сите времиња, и потребен и е на репрезентацијата, и правилно си постапил, јас не сакам да се споредувам со него, затоа што ни еден фудбалер во Македонија тоа не смее да го направи. Да се споредува со Гранде Пандев, но дали ти мене некогаш ми се јави и ме праша, дали сакам да се вратам во репрезентацијата, Адис дали си го сменил мислењето, дали тоа го направи, или…?Затоа селекторе те молам да не ме споменуваш и да не ме „дираш“…“, стои во реакцијата на Јаховиќ на социјалните мрежи.