Спортскиот директор на шведски Хамарби, Јеспер Јансон потврди дека постојат реални шанси да го ангажираат Златан Ибрахимовиќ за новата сезона.

Напаѓачот на Милан помина дел од карантинот (поради Ковид-19) во Шведска, со играчите на Хамарби каде што е сопственик на 25% од акциите на клубот.

Додека во Милан го очекуваат рестартот на Серија А, и враќањето на Ибрахимовиќ на тренинг, Јансон вели дека работите може да се сменат многу лесно.

„Беше многу позитивно тоа што беше со нас некое време. За мене и за клубот, тоа го привлече вниманието на медиумите. Постои можност тој да игра за нас, верувајте. Но само Златан знае дали тоа ќе се случи. Знам дека тој нема ништо да каже додека не биде 100% сигурен. “ – изјави Јансон.