Младиот јапонски фудбалер Хироки Абе преминува во Барселона, а вредноста на трансферот е околу два милиони евра, пренесуваат шпанските медиуми.

„Каталонците“ постигнале договор со неговиот досегашен клуб, па фудбалерот само лекарските прегледи го делат од потпишувањето на договорот.

На 20 годишниот напаѓач ова ќе му биде прв клуб надвор од неговата матична земја.

„Тешко е да се напушти екипата сред сезона, одлучив да преминав во Барселона бидејќи сакам нови предизвици, а тешкотиите со кои ќе се соочам ќе ми помогнат соодветно да се развијам.“ – вели Абе кој неодамна настапи за репрезентацијата на Јапонија.