Напаѓачот на Украина, Роман Јаремчук кој го постигна вториот гол за својата репрезентација во поразот кај Холандија, вели дека на трибините во Букурешт ќе има повеќе Украинци од Македонци.

Јаремчук имал такво чувство, но додаде дека репрезентацијата на Македонија треба да се респектира иако нема квалитетни играчи како Холандија.

„Имам чувство дека ќе има повеќе Украинци од Македонци на трибините, разговарав со многу наши навивачи, тие ќе дојдат во голем број. Македонија нема играчи од класата на Холандија, барем не сите, но тие играат тимски, мотивирани се и сигурен сум дека ќе се борат за добар резултат. Мислам дека не очекува тежок натпревар“ – изјави напаѓачот Јаремчук.

Македонија и Украина во четврток се среќаваат  од 15 часот.