Поранешниот младински репрезентаивец на Македонија Стеван Јефтовски ќе го носи дресот на скопски Работнички и во претстојната сезонава, откако двете страни се договорија за продолжување на соработката.

22-годишниот играч за врска потпиша продолжување на соработката со Работнички за уште една година.

„Останувањето на Јевтовски ќе биде многу значајно за ширината на ростерот со кој распоолага тренерот Ратко Достаниќ“, соопшти попладнево скопскиот прволигаш.

Поранешниот член на младинските репрезентации на Македонија дојде во Работнички минатата сезона, настапувајќи претходно за Металург, Локомотив Пловдив, Вараждин и украински Арсенал.