Тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп достоинствено го прифати поразот од Вотфорд во Премиер лигата.

Потврди дека дел од играчите биле изморени но дека сумирано домаќинот е за пофалба и начинот на кој го одиграл натпреварот.

„Првото полувреме беше тешко, имавме посед но не дојдовме во правилната позиција за да проиграме за гол. Игравме против многу добро организиран тим, тие беа одлично подготвени за дуелот со нас. Мора да прифатиме, не беше лесно но тоа што го покажавме не беше доволно за повеќе. Ако победиш е добро, ако загубиш мора да се обидеш тоа да го направиш со вистински манири како маж.“ – изјави Клоп.