Тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп, кратко ја искоментира вчерашната средба со Атлетико во рамките на првата осминафинална средба од Лигата на шампионите.

Тоа не требаше да се случи, но се случи. Се најдовме среде битка каква што и очекувавме и атмосфера која исто така ја очекувавме. Ми се допаднаа многу аспекти од средбата. Во првото полувреме губевме со1:0, а во вториот дел игравме како на својот стадион. Противникот се бранеше со сите сили и начини. Но, овде не е крајот. Ништо не е завршено. Добредојдовте на „Енфилд“, ќе играте пред нашите навивачи“, изјави Клоп за BBC.

Возвратниот натпревар ќе се одигра на 11 март.