Ливерпул во можеби најважниот период на сезоната остана без својот прв голман Алисон. Го немаше за средбата со Борнмут, но, што е најважно, ќе биде отсутен и за реваншот од осминафиналето на Лигата на шампионите со Атлетико Мадрид, на кој Ливерпул ќе брка негатива.

Алисон се повреди на тренинг и за среќа нема да биде предолго отсутен.

„Ситуацијата со голманите не е пријатна. Ги имаме Адријано и Енди Лонерган. Не е добро кога ќе останеме без голман каков што е Алисон, но добро е кога имаме замена за него“, вели Клоп.

Сепак, Шпанецот Адријано на средбата со Челзи во ФА Купот имаше кикс и беше еден од виновниците за првиот примен гол.