Малиот, 10-годишен Дараг, кој е голем навивач на Манчестер Јунајтед во писмото испратено до тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп, го замоли Ливерпул да почне да губи, бидејќи неговите победи предизвикуваат тага кај навивачите на другите екипи, особено кај него кој е голем фан на Манчестер Јунајтед.

Клоп му одговори на малиот Дараг.

Драги Дараг, најпрво ти благодарам за твоето писмо. Иако со него не ми посакуваш среќа, јас секогаш им се радувам на писмата на младите фанови. За жал, во овој случај јас не можам да ти ја исполнам желбата. Колку и да посакуваш пораз на Ливерпул, мојата задача е да направам се за да му помогнам на мојот клуб да стигне до победа, бидејќи тоа го сакаат милиони луѓе низ целиот свет.

Но, за твоја среќа ние сме губеле порано, а ќе губиме и во иднина, бидејќи таков е фудбалот. Читајќи го твоето писмо можам со сигурност да кажам дека твојата љубов кон фудбалот и кон твојот Манчестер Јунајтед нема да се изменат никогаш. Јунајтед навистина е среќен што има навивач како тебе.

Се надевам дека нема премногу да тагуваш, ако Ливерпул и натаму победува и ако освои некој трофеј. Иако сме противници на терен, нашите клубови многу се почитуваат меѓусебе. За мене тоа и е фудбалот.

Чувај се и имај среќа“, му одговори Клоп.