Откако ја освои Лигата на шампионите со Ливепрул и најави дека посакува во следната сезона да дојде до трофејот од Премиерлигата, менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп повторно е интересен за германските медиуми поради изјавите на неговиот агент.

„Јирген веќе има кажано дека во случај Јоаким Лев да се повлече од позицијата во репрезентацијата, тој посакува да верува дека има шанса да биде новиот селектор. Управата на Ливерпул сака да го продолжи договорот за нови шест години и во моментов Клоп е на вистинско место и е многу среќен“. – изјави агентот на Јирген Клоп, Марк.

Клоп во моментов заработува по 7 милиони евра по сезона а од клубот се подготвени да му понудат плата од 10 милиони по сезона за следните шест години.