Напаѓачот на Ливерпул, Мохамед Салах се очекува да биде во составот на Јирген Клоп за пресметката со Аталанта од ЛШ закажана за в среда.

Клип по победата над Лестер во Премиер лигата потврди дека Салах добил негативен тест и дека сега ќе може повторно да тренира.

Скај Спорт од Англија денеска соопшти дека Салах го одработил утринскиот тренинг и дека се чуствува одлично.

Ливерпул по три кола во групата Г во ЛШ има максимален ефект и нема примено гол, Аталанта и Ајакс се во борба за второто место кое води во осминафиналето.