Проблемите со повредени играчи во редовите на Ливерпул се зголемуваат откако првата ракавица на „Црвените“, Алисон поради повреда не беше во комбинација за настап на денешниот натпревар против Ајакс.

Клоп посочи дека не станува збор за Ковид-19, туку дека е во прашање мала повреда на мускулот на ногата и ќе мора да паузира најмалку една недела.

На листата на повредени кај Ливепрул се: Тиаго Алкантара, Александер Арнолд, Гомез, Милнер, Шакири, Ван Дијк и Чемберлејн.