Тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп денеска изјави дека не учествува во преговорите за новиот договор со Мохамед Салах и дека го интересира само формата на египетскиот фудбалер.

Договорот на Салах истекува за помалку од две години, а раководството на клубот сака да му понуди ново трајно. Тој  игра добро, на стартот на сезоната  постигнувајќи четири гола на пет натпревари оваа сезона.

“Немам што да кажам, особено затоа што не учествувам во тоа. Единствено што ме интересира сега е како изгледа Мо на теренот, неговата острина и посветеност, и има апсолутно се на место. Тој изгледа добро, јас нема што друго да кажам “, рече Клоп