Тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп, раскажа како се согласи да стане тренер на Ливерпул.

Интерес да им бидам тренер пројавија повеќе екипи, но јас најпрво сакав да искористам годишен одмор. Сепак, кога од мојот агент дознав дека ме сака Ливерпул, јас веднаш го почувствував истото што го чувствував кога ја сретнав мојата прва жена. Јас ја видов и си реков – добро, ќе се оженам со нејзе. Исто така беше и со Ливерпул, почувствував дека тоа е вистинското од првиот момент“, изјави Клоп Sky Sports.

Клоп го предводи Ливерпул од 2015 година.