Тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп, застана во одбрана на својот најдобар фудбалер, Мохамед Салах.

Напаѓачот од Египет се почесто го обвинуваат за себичност. Велат дека пречесто сам сака да ја заврши работата и не додава во ситуации кога неговите соиграчи се во подобра позиција за постигнување на голови.

Мохамед никогаш не бил егоист. Тој бие тогаш кога се наоѓа во добра позиција. Сме гледале како минува четворица противници и постигнува гол. Кога тој дава голови, сите молчат и му се восхитуваат. Кога нема да даде гол, секогаш некој вели дека можел да додаде. На пример, на средбата со Саутемптон тој додаваше и тогаш кога самиот реално беше во подобра позиција“, изјави Клоп за Daily Mail.