Јоаким Лев се прости од Германската репрезентација откако во осминафиналето Англија го исфрли од Евро и сега се чини дека има понуда за работа.

Новинари од БиБиСи, Гардијан, ЕСПН и други престижни портали пишуваат дека Лев е еден од главните кандидати за преземање на руската репрезентација, откако нејзиниот сегашен тренер Станислав Черчесов беше отпуштен. Како кандидати, покрај Лев, се споменуваат Стефан Кунц и Андре Вилаш-Боаш.

Лев беше селектор на Германската репрезентација од 2006 година до крајот на овогодинешното евро. Негов наследник ќе биде Ханс-Дитер Флик.