Германската сениорска фудбалска репрезентација и во иднина ќе ја води Јоаким Лев. Со ова се демантирани сите најави дека Лев ќе заработи отказ.

Германските медиуми најавија декапо поразот на Германија од Шпанија од 6:0 во Лигата на нации. Лев бил пред отказ.

Сепак ова нема да се случи, односно Лев ќе ја води Германија на ЕУРО 2021 а фудбаската федерација на Германија дополнително го уверила селекторот дека верува во неговата визија и проемени кои ги реализира во репрезентацијата.

Германија на следното ЕП е во група со Франција, Португалија и со Унгарија.