Бојан Јокиќ ако настапи против Македонија во четврток ќе го запише 100. настап за Словенија, тој е највозрасниот играч на „змајчеки“ во моментов но неговиот настап е под знак на прашање.

Капитенот на Словенија има повреда поради која настапат во првиот тим на Словенија в четврток во Скопје е неизвесен, за Македонија вели дека е многу незгодна.

„Македонија има квалитетен состав, најдобар во последните 10. години, незгодни се и ќе биде тешко, мора да бидеме внимателни, ќе играме на победа бидејќи со три бода од ова гостување шансите за настап на  ЕП ќе станат реални“ – изјави капитенот Јокиќ.

Македнија и Словенија се среќаваат в четврток на арената „Тодор Проески“ со почеток од 20-45 часот.