Легендарниот јапонски фудбалер Шунсуке Накамура, кој има 41 година, е новиот фудбалер на Јокохама.

Интересно е што тој, сепак, не е највозрасниот фудбалер во клубот.

Неговиот колега од офанзивната линија Мијури има 52 години. Тој оваа сезона одиграл два натпревари, а дебитирал во 1986 година во дресот на бразилски Сантос, а репрезентацијата играл 19 години на 89 настапи.

Во 2017 година го сруши рекордот на Стенли Метјуз, запишувајќи се како најстар професионален фудбалер кој постигнал погодок.

Челниците на Јокохама, веруваат дека токму искуството на Накамура ќе им помогне да се вратат во елитата.