Атлетико Мадри оваа година посебно се мачи во фазата на нападот, а челниците на овој клуб очајно се обидуваат да доведат напаѓач.

Атлетико  Мадрид успеа да постигне само седум погодоци во досегашните осум меча во Примера, а досега Диего Симеоне не успеа да го извлече максимумот од Жоао Феликс, Диего Коста и Алваро Мората кои не се во форма. Аргентинецот се чини дека има решение за сите проблеми, и тоа во напаѓачот на ПСЖ, Единсон Кавани.

Искусниот уругвајски напаѓач веќе подолго време е на излезните врати од ПСЖ, но овој пат веројатно Кавани конечно ќе оди во друга средина. Доколку дојде Кавани многу веројатно е „Ванда Метраполитано“ да ја напушти Диего Коста кој е далеку од формата која го красеше порано.

Симеоне, покрај Кавани во нападот ќе се обиде да го доведе и фудбалерот на Валенсија Родгриго, кој беше блиску до потпис со Атлетико во летниот преоден рок.