Градската пресметка на Вардар и Работнички закажан за во сабота од 14 часот на „националната Арена Филип 2 Македонски“ ќе ја суди, Јосип Бартон.

Ова го донесе делегирањето за 21 коло во нашата најсилна фудбалска конкуренција. На Бартон ќе му помагаат, Ебрар Таравари и Александар Ѓорѓески.

Во Струга, на дуелот меѓу Струга ТЛ и Силекс главен судија е Марјан Гоцевски. Академија Пандев и Борец ќе го води судијата Игор Стојчевски.

Во Чаир, на дуелот меѓу Шкупи и Ренова делегиран е Александар Грујоски додека во Тетово, на мечот меѓу Шкендија и Македонија ЃП делегиран е Димитар Мечкаровски.

ПМФЛ 21 коло: