Јосип Иличиќ најверојатно ќе ја продолжи својата кариера во екипата на Милан.

Иличиќ не беше најстандарден кај Гасперини минатата сезона, и беше на излезни врати па се чини тоа ќе го стори ова лето. Тој имаше конфликт со Гасперини па се чини дека најдобро за двете страни , е да се разделат.

Аталанта бара 10 милиони евра за 33-годишниот ветеран, но Милан планира да ја намали оваа сума користејќи го процентот што „росонерите“ го поседуваат од следниот трансфер на Матео Песина. „Росонерите“ го продадоа Песина на Аталанта за 1,8 милиони евра во 2017 година, но во тој договор има клаузула со која Милан ќе заработи и 50% од следниот трансфер на Италијанскиот репрезентативец.