Познатите Италијански новинари Фабрицио Романо и Џанлука ди Марсио објавија дека репрезентативецот на Црна Гора ќе стане нов напаѓач на берлинскиот клуб.

Јоветиќ е слободен агент, неговиот договор со Монако истече порано.

На тој начин, Германците нема да мора да плаќаат отштета на „кнезовите“, а Јоветиќ ќе постигне нешто што малкумина успеаја да го сторат.

Тој досега играше во четири од петте најсилни европски лиги.

По трансферот во Херта, тој ќе стане само третиот играч кој успеал да игра во клубови од Франција, Италија, Англија, Шпанија и Германија.

Само Данецот Кристијан Поулсен и Романецот Флорин Радучило успеаја во тоа.