Напаѓачот на Реал Мадрид, Лука Јовиќ по пристигнувањето на „Сантиаго Бернабе“ не се снаоѓа баш најдобро. Србинот е во втор план кај тренерот Зинеди Зидан, а онаа шанса која ја доби поранешниот напаѓач на Франкфурт и Звезда не ја искористи.

Проблемите на Јовиќ не се само на клубско ниво. Тој утре нема да е дел од селекцијата на Србија која му гостува на Литванија, првично поради повреда, но шпанските медиуми тврдат дека поради непозната причина е казнет од селекторот Тумбакоивиќ.

Јовиќ во моментот се наоѓа во Мадрид каде тренира со екипата на „кралевите“ и се обидува да се наметне кај легендарниот Зинедин Зидан.