Откако го прекрши законот во Србија и не ги почитуваше мерките за превенција од Ковид-19 во Белград, Лука Јовиќ повторно е во фокусот во неговата родна земја. Ова може наскоро да се преслика и во Шпанија, пренесува српски „Курир“.
Јовиќ наводно повредата на стапалото не ја заработил додека тренирал во својот дом туку на многу побизарен начин, паднал од ѕид, од огромна висина и добро е што поминал само со оваа повреда.
Во Реал Мадрид сеуште немаат одлучено што ќе преземат поради активностите на Јовиќ иако клупскиот лекар потврди дека скршеницата на стапалото не се добива така лесно како што играчот објаснувал дека се повредил.
Voilà sa blessure réalisé en plein confinement c’est beau pic.twitter.com/yxGDa2NpeK
— Luka Jovic 🇨🇵 (@LukaJovic_) May 8, 2020
Јовиќ го чека пауза од три месеци поради повредата, но лесно може да се случи да биде продаден ова лето поради несериозноста и поради фактот дека го лажел својот матичен клуб кој не виде ништо посебно од него по ангажманот од Франкфурт.
Comments are closed for this post.