Фудбалерот на Реал Мадрид, Лука Јовиќ за „Вечерње новости“ открива дали се вистините шпекулациите дека оди на позајмица во друг клуб откако, наводно Зинедин Зидан не бил задоволен од него.

„Секогаш ме смеат таквите натписи. Медиумите секогаш ќе се занимаваат со такви приказни. Јас од почеток на мојата сениорска кариера навикнав на секакви коментари, се помирив со тоа дека постојано ќе ги има. Времето ќе покаже што е вистина.“ – истакнува фудбалерот.

Јовиќ во Реал пристигна ова лето од Ајтрахт за 60 милиони евра.

„Подготвен сум да дадам максимум и да понудам се што можам. Не очекувам дека веднаш ќе играм цели натпревари, дека ќе ги тресам мрежите на почекот на сезоната. Меѓутоа со работа, труд и многу откажувања ќе дојдам до својата цел. Задоволен сум како ме прифатија, би сакал на почетокот на постигнам некој гол, но не брзам никаде. Знам дека ќе дојдат моите пет минути.“ – нагласува Србинот.