Кристиано Роналдо во многу категории во историјата на фудбалот е рекордер или меѓу најуспешните, а утре на мечот против СПАЛ, Португалецот ќе одбележи уште еден јубилеј.

За него утрешниот меч ќе биде 1000-ти во професионалната кариера и ќе стане 30.фудбалер во историјата со ваква импресивна бројка.

Тој од 2002 година до денес одигра 999 натпревари во 18 сезони, но до бројката од 1000 натпревари ќе дојде најбрзо во однос на сите негови 29 претходноци.

Апсолутен рекордер во оваа категорија е  Питер Шилтон со 1390 натпревари.