Пол Погба нема да биде подготвен за настап во дерби дуелот со Ливерпул следниот викенд во Премиер лигата.

Креативецот на Манчестер Јунајтед се рехабилитира во Дубаи и според последните информации го очекува пауза од играњето фудбал уште најмалку три недели.

Ова значи дека Солскјер од кризата во која се наоѓаат „Ѓаволите“ ќе мора да ги вади ако тоа а возможно без најскапиот играч од „Олд Трафрод“.

Покрај Погба неизвесни за настап за дербито со Ливерпул се и Марсијал, Шо, Линделоф и Ван Бисака.