Поранешниот селектор на Велс, Крис Колман, смета дека Арон Рамзи од Јвентус може да биде идеално засилување за Манчестер Јунајтед.

Јувентус има намера да го продаде Рамзи кој настапуваше за Арсенал во Премиерлигата, Колман му сугерирал на Оле Гунар Солскјер дека неговиот сонародник може да биде одличмно засилување.

Рамзи во Јувентус дојде минатата сезона но не се потврди во Калчо лигата, за „старата дама“ одигра 15 натпревари и постигна три гола, Сари го стави на трансфер листата.

Се верува дека Солскјер нема да има ништо против да го донесе Рамзи повторно во Англија, тој играше за Арсенал во периодот од 2008 до 2019 година и запиша 262 настапи за „топџиите“ закои постигна 40 голови.