Масимилијано Алегри по отказот од Јувентус е сеуште без ангажман, а медиумите ширум Европа го поврзуваат со многу клубови. Последен во таа листа е Тотенхем кој сезонава не ја почна најдобро, а менаџерот на тимот од Лондон не е во најдобри односи со сопственикот Леви.

Во шест кола од англиската Премиер лига, лондончани освоија само 8 бода. Покрај тоа, тие испаднаа од англискиот Лига Куп во третото коло од екипата на Колчестер.

Алегри е докажан стратег, кој освои пет скудета со Јувентус, а претходно беше шампион во Серија А и со Милан. Покрај со клупата на Тотенхем, Алегри се поврзува и со евентуален ангажман во Јунајтед и ПСЖ.