Оле Гунар Солскјер ќе го добие долгопосакуваното засилување за одбранбената линија, конкретно на позицијата десен бек.

Арон Ван Бисака е пред потпис со Манчестер Јунајтед а од зделката Кристал Палас ќе заработи 55 милиони фунти со што репрезентативецот на Англија може да стане најскакиот офанзивен бек во историјата на Премиерлигата.

Дејли Рекорд пренесува дека „Ѓаволите“ прифатиле да платат 35 милиони фунти со дополнителни бонуси од 15 милиони фунти.

Ова треба да биде потврдено до крајот на оваа работна седмица.