Манчестер Јунајтед  и Спортинг од Лисабон се во завршни преговори за играчот од средниот ред  Бруно Фернандез, ова го јавува „LaGazzettaDelloSport“ .

Бруно Фернандез е еден од најкорисните играчи од средниот ред минатата сезона во Европа, се преговара за отштетата,  која ќе биде дефинирана наскоро.

Играчот за врска од Спортинг, минатата сезона одигра 50 натпревари, запиша 31 гол, 17 асистенции за клубот од Лисабон. Фернандез има 24 години, во Спортинг е од  2017 година, играше и за Сампдорија,Удинезе и Новара.

Се шпекулира дека Јунајтед е подготвен да исплати нешто над 50 милиони евра за овој играч. Доаѓањето на овој играч според медиуми од Англија би значело продажба на Пол Погба за кого има интерес од Рел Мадрид.