Манчестер Јунајтед извесно е дека го завршил договорот и Хари Мегвајер ќе стане нов член на „Црвените ѓаволи“.

Би-Би-Си јавува дека е договорен историски, најголемиот трансфер кога станува збор за одбранбен фудбалер.

Јунајтед, според пишувањата, се согласил да даде 80 милиони фунти за дефанзивецот на Лестер кој денес би требало да се јави на лекарски прегледи на Олд Трафорд.

На сметката на „лисиците“ веднаш би легнале 60 милиони фунти, додека останатите 20 ќе бидат бонуси.

Мегвајер викендов го предал барањето за трансфер, а Лестер веќе обезбедил негова замена, Луис Данк од Брајтон за кого ќе платат 50 милиони евра.