Англиските медиуми јавуваат дека Манчестер Јунајтед подготвува понуда за играчот на Њукасл, Шон Лонгстаф.

Оле Гунар Солскјер веќе доведе две засилувања ова лето, младите Даниел Џејмс и Арон Ван-Бисака, но изјави дека клубот работи на доведување на уште неколку нови имиња.

21-годишниот Лонгстаф одигра 13 натпревари минатата сезона во дресот на Њукасл, а тимот кој до пред скоро беше под тренерската палка на Рафа Бенитез, се вели дека нема намера да го продаде младиот играч од средниот ред.

Според информациите, Њукасл им одговориле на „црвените ѓаволи“ дека доколку сакаат да го видат Лонгстаф во своите редови, ќе треба да исплатат повеќе од 50 милиони фунти.

Лонгстаф е продукт на школата на Њукасл, а со клубот од северот на Англија има договор до 2022 година.