Маркус Рохо до крајот на септември треба да го промени клубот. Манчестер Јунајтед не сака да го има повеќе во составот и е подготвен да го продаде. Турски Фенербахче доставил понуда до Манчестер за позајмица од една година со можност за купување следното лето.

Од Јунајтед бараат 30 милиони евра, сума која не е подготвен Фенербахче да ја плати веднаш. Ова ја компликува систуацијата со репрезентативецот на Аргентина.

Рохо имаше понуда и од Евертон но Јунајтед пред две недели не прифати позајмица без притоа да биде вметната обврзувачка откупна клаузула од 30 милиони евра.