Манчестер Јунајтед изгледа не се откажува лесно од Лукаку, па по последниот состанок, фудбалерот е се подалеку од Интер.

Италијанците донеле понуда, позајмица од 10 милиони со дополнителни две рати од по 30 милиони во наредните две години, односно 70 милиони евра е максимумот кој Интер може да го понуди.

На „Црвените ѓаволите“ им биле два дена дадени за размислување, по што од Јунајтед пристигнал шокантен одговор.

Клубот бара за напаѓачот 85 милиони евра, кои Интер ги нема.

Покрај Лукаку, Конте го бараше и Џеко.