Манчестер јунајтед ја симна за речиси половина цената на францускиот напаѓач Пол Погба, јавија англиските медиуми.

Спорд информациите од Островот, „црвените ѓаволи“ се подготвени да се разделат со Французинот на крајот на сезоната и тоа за помала сума од бараната.

Во Јунајтед се свесни дека никој нема да ја плати бараната сума од 100 милиони евра и затоа ја спуштија цената на 60 милиони евра, пишуваат англиските медиуми.

Најголем интерес за Погба има од Реал Мадрид и Јувентус.