Арон Ван Бисака е  нов играч на Јунајтед, ова го  тврдат медиумието од Англија, има само 21 година, доаѓа од Кристал Палас за 50 милиони фунти што значи ќе биде најскап играч во историјата на фудбалот од  Британија кој игра во Премиерлигата.

ББЦ тврди дека Бисака ќе заработува околу 90.000 евра неделна плата, тој кај Кристал Палас заработувал  10 иљади фунти за седум дена и бил наслабо платениот играч во првиот тим, лекарските прегледи ќе бидат изршени во најкраток можен рок.

Арон Ван Бисака од е во Кристал Палас од својата 11 година, во првиот тим дебитираше минатата година, запиша 39 настапи.