Како што пишува „Independent“, Јунајтед и Барселона го договараат трансферот на Осман Дембеле во зимскиот преоден рок со кој ќе се надмине клупскиот трансфер рекорд на екипата од Манчестер.

Според овој извор, Јунајтед преговара за услугите на 22. годишниот Осман Дембеле, понудата на клубот од Англија изнесува 110 милиони евра.

Рекордот го има Пол Погба со 105 милиони, ако се остварат овие најави тогаш крилниот напаѓач Дембеле, ќе стане најскапиот играч во историјата на Јунајтед.

Барселона е подготвена да ја прифати оваа понуда и парите од овој трансфер да ги искористи за потпис на Нејмар, ПСЖ не се сложи летово на размена на играчи и Бразилецот остана во Франција.